Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер има одлична сезона, одигра уште еден одличен турнир но овој пат не освои титула.
Федерер во неделата загуби од Александер Зверев во финалето на Роџерс купот во Монтреал.
Германецот ја прекина серијата од 29 победи во низа на Швајцарецот на Гренслем турнирите и Мастерсите, но имаше и малку среќа бидејќи Роџер чувствувал мала повреда.
– По одморот, тренингот секогаш претставува шок за организмот. Ќе почекаме овие неколку денови да видиме како ќе се чувстувам – изјави Федерер.
Тој откри што го мачи, а одредени светски медиуми пишуваат дека нема да игра во Синсинати.
– Се чувствуав добро цела недела. Имам болки во мускулите, како и во други делови од телото, особено по враќањето на тврда подлога – рече Федерер.


