Надал ќе биде новиот број 1, Федерер го откажа настапот во Синсинати

Рафаел Надал ќе биде прворангиран светски тенисер од следната седмица.

Без оглед каков резултат ќе оствари Надал во Синсинати, тој ќе го мине Енди Мареј бидејќи Британецот ќе загуби 1.000 АТП бодови откако лани стигна до титулата, а годинава поради повреда нема да игра на овој Мастерс-турнир.

Истовремено Роџер Федерер денеска обелодени дека нема да настапува на Мастерс-турнирот во Синсинати. Швајцарецот важеше за еден од главните фаворити за титулата, но болките во грбот здобиени за време на вчерашното финале во Монтреал, беа причина тој во последен момент да се откаже од настап на турнирот каде што седум пати го крена победничкиот трофеј.

Мареј ќе падне на третата позиција бидејќи ќе биде минат и од страна на Федерер, а Швајцарецот ќе има можност веќе на УС Опен да се обиде да го стигне Надал и да се искачи на врвот на АТП-листата.

Најчитани вести