Во вторникот, Стен Вавринка успешно беше подложен на операција на десното колено. Швајцарскиот тенисер отиде на операција речиси две недели по одлуката да ја прескокне целата втора половина од сезоната. На Твитер тој објави фотографија и напиша:
„Ова не е место каде што сакам да сум, но втората операција мина добро! Тоа значи дека можам да почнам со подготовките. 2018-та година, ќе се видиме наскоро. Благодарност на целиот медицински тим и на моите навивачи за поддршката во овие тешки времиња “.
Вавринка требаше да игра на турнирите во Монтреал, Синсинати, УС Опен, Санкт Петербург, Токио, Шангај, Базел, Париз Берси и АТП финалето.
Тој во моментов е Светски број 4 на ранг-листата на АТП, но треба да падне максимално до 12-тото место. Вавринка треба да се врати на натпреварувањата во првата недела од 2018 година во Бризбејн или Доха или Пун.


