Напад со нож во Финска, неколкумина повредени

Неколку луѓе се повредени во напад со нож во финскиот град Турку. Според првичните информации, напаѓачот со нож успеал да прободе неколку луѓе на плоштадот пред да биде застрелан во ногата и уапсен од страна на полицијата. Турку се наоѓа на околу 140 километри западно од главниот град Хелсинки.

Финската полиција на Твитер ги предупреди граѓаните да го избегнуваат центарот на градот и да „бидат внимателни“ околу аеродромот и железничките станици.

 

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести