Григор Димитров го освои мастерсот во Синсинати

Григор Димитров, популарниот “бејби Федерер”, го освои мастерсот во Синсинати.

Бугарскиот тенисер, во финалето, по голема борба, во два сета го победи австралиецот Ник Кирјос со 6:3, 7:5.

Ова е прва титула на тенисерот од Хасково во серијата Мастерс 1000 турнири.

На наредната АТП листа, Димитров ќе влезе во најдобрите 10 светски тенисери, искачувајќи се на деветтото место.

Најчитани вести