(ВИДЕО) Барди повторно стрелец за Леванте

Градското дерби на Валенсија заврши без победник 1-1, Енис Барди со одличен гол донесе бод за Леванте против „Лос че“.

Тимот на Леванте и по четири кола се уште не ја почувствувал горчината на поразот во Примера, а најголема заслуга за тоа има токму нашиот Барди, кој и денеска на мечот со Валенсија успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Валенсија поведе во 31-та минута со голот на Родриго, а десет минути подоцна Енис Барди со извонреден погодок го израмни резултатот и на Леванте му донесе нов бод.

Леванте во моментов е на петтото место со шест бода од четири натпревари.

Најчитани вести