СП 2026: Јамал подготвен за дуелот со Австрија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте изјави денеска дека напаѓачот Ламин Јамал ќе биде целосно подготвен за претстојниот осминафинален натпревар на Светското првенство против Австрија.

„Ламин може да игра колку што ќе побараме од него. Бевме многу внимателни со него, како и со останатите играчи за време на нивната рехабилитација, почитувајќи ги роковите и следејќи го развојот на натпреварите. Ламин сега се чувствува многу добро и што е најважно сите можете да видите колку сака да игра“, рече Де ла Фуенте.

Шпанскиот селектор на располагање за вечерашниот дуел со Австријците ќе го има и новиот напаѓач на Ливерпул, Виктор Муњоз, кој ја пропушти групната фаза поради повреда на мускулот.

Шпанија вечерва од 21:00 часот во Лос Анџелес во рамки на шеснаесетфиналето ќе игра против Австрија во обид да ја забележи својата прва победа во нокаут фазата на Светско првенство од 2010 година, кога ја освои титулата на Мундијалот во Јужна Африка.

Оттогаш, Шпанците беа елиминирани во групната фаза во 2014 година и двапати по ред во 2018 и 2022 година во првото коло од нокаут фазата.

МИА

Најчитани вести