Кавани одбил милион евра за да му ги препушти пеналите на Нејмар

Уругвајскиот фудбалер, Единсон Кавани, одбил бонус од 1 милион евра во замена да го препушти изведувањето на пеналите во ПСЖ на Нејмар, тврди Ел Паис.

Кавани ќе го добие бонусот во договорот ако ја заврши сезоната како прв стрелец во Лига 1, но претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, наводно му понудил иста сума во секој случај, бил прв стрелец на лигата или не, само за да му дозволи на бразилскиот фудбалер да ги изведува ударите од белата точка.

Ал-Келаифи, исто така, наводно, ги испратил своите луѓе да го убедат Нејмар да престане со расправијата и да му дозволи на Кавани да остане прв изведувач на најстрогата казна, меѓу другото, за да ја задржи својата самодоверба.

Ниту Кавани, ниту Нејмар немаа разбирање за предлозите на претседателот.

Најчитани вести