ЕВН Македонија од денеска ќе почне да ги усогласува броилата на потрошувачите по одлуката на Владата за враќање на евтината дневна тарифа од 1 октомври.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер, уверува дека пред почетокот на грејната сезона, сите 800 илјади домаќинска до крајот на идниот месец ќе имаат дневна евтина тарифа.
Според одлуката, евтина струја ќе има два часа дневно од понеделник до сабота од 14 до 16 часот. Евтина тарифа на струјата има и во текот на ноќните часови секој ден од 22 до 07 часот и во недела преку целиот ден.


