УЈП ја одблокира сметката на велешка Колска, плата за работниците до петок

Ставен е под хипотека дел од имотот на велешката фабрика за шински возила „Колска“ и Управата за јавни приходи ја деблокираше жиро сметката. Вака менаџерскиот тим на единствената фабрика за поправка на вагони во државата создаде услови за законска реализација на владините одлуки со кои 126 работници можат да земат две плати и со паричната помош во висина од 15 милиони денари да се купат репроматеријали. Тоа ќе значи дека работниците се враќаат во погоните и започнува поправката на товарните вагони кои стојат во кругот на Колска, вели претседателот на синдикалната организација Слободан Димитриевски.

– Се надеваме дека до петок тие пари ќе легнат на фабричката сметка за да можеме од понеделник да почнеме непречено да работиме. Од тие 15 милиони денари имаме право на исплата на две заостанати плати и средства за репроматеријали. Во кругот на фабриката има 50 товари вагони и еден патнички кои чекаат на поправка, рече Димитриевски.

Работниците во Колска со години предлагаат, како единствен излез од тешката состојба во која се наоѓа нивната фабрика, да бидат припоени кон ЈП Македонски железници. Така сметаат дека ќе имаат редовна работа, пари за репроматеријали и за плата. Тие досега за овој предлог преговараа со повеќе состави на македонски Влади но, ниту една не го реши. Сега предлогот е кај актуелната Влада од која очекуваат решение.

Извор: Дума.мк

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести