Кандидатката за градоначалник на Битола од СДСМ, Наташа Петровска ужива голема доверба кај жителите на селата кои спаѓаат под Општина Битола.



Острец, Братиндол, Цапари, Кишева, Лажец, Граешница…битолски села кои ги посети Наташа Петровска заедно со кандидатот за претседател на советот Валентин Груевски и каде разговараше за проблемите кои ги мачат жителите кои главно се за осовните услови за живот.

Од новата локална власт се очекува да се обезбедат елементарни услови за живот, како водовод, канализација, асфалтирање на селски улици…но жителите се пожалија и на инорантскиот однос од страна на досегашниот градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ кој не ги примал на разгвор и воопшто не се грижел за нивните потреби.
Петровска им вети дека нејзината врата ќе биде отворена за сите нивни потреби и заеднички ќе ги решаваат проблемите кои се насобрале со години наназад. Нејзината порака беше Улушна и отворена општина за сите граѓани.








