(ВИДЕО) Тарчуловски: Имам одговорност према луѓето од Припор и Драчево, а не Пржино, Црниче што се 90 % против мене

Во јавноста се појави снимка од средба со граѓани на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кисела Вода, Јохан Тарчуловски. Тој на средба со граѓани скандалозно изјави дека ако победи на претстојните избори, најмногу ќе направи за жителите на Припор и Драчево.

– Јас имам терет и одговорност према луѓето од Припор и Драчево, а не Пржино, Црниче, коишто се 90 посто против мене. И тој не ти ни отвора врата и те пљука од прозор. Сега ме тера некој да му праам ја одвод и канализации, а ти овде немаш ни струја, ни вода. Не може тоа така бе! Има ред. Ќе почне првин тој што заслужил, тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи. После ќе видиме дали ќе има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот на другиот – вели Тарчуловски на снимката објавена во јавноста.

Најнови вести

Најново од Видеа, Ударни вести

Најчитани вести