Фудбалерите на Реал Мадрид попладнево доживеаја ново непријатно изненадување откако на гостувањњето кај Жирона загубија со 2:1.
За „кралскиот клуб“ ова е втор пораз сезонава, а Барселона сега се наоѓа на осум бодови предност како лидер на Ла Лига, додека Валенсија е на втората позиција.
Реал поведе со голот на Иско во 12-та минута. На почетокот на вториот дел за пет минути Жирона направи пресврт со головите на Кристиан Стуани во 54-та минута и Порту во 58-ма минута.


