18 години Валандовска ракијада

Поголеми откупни цени на винските сорти грозје и контрола на откупувачите . Ова беше апелот  на лозарите кои учествува а на традиционалната ракијада во Валандово, каде на 20 – тина казани се натпреваруваа кој подобра домашна ракија ќе испече, јавува ТВ 24.

Според нив со досегашните откупни цени лозарството нема да бележи подем во земјава.

Владата ќе настојува преку средби да се најде соодветено решение  во делот на корекција на откупните цени. Најавија дека деновиве ќе бидат пуштени субвенциите наменети за нив.
На годинашнава ракијада во Валандово учествуваа 20 – тина лозари.

За градоначалникот на Перо Костадинов ова манифестација треба да предизвика зголемување на површините под лозови насади.

На  годинашнава ракијада во Валандово се избираше кој подготвува најдобра домашна ракија со цел да не се заборави традицијата.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести