Во рамките на официјалната посетата на премиерот на Р. Бугарија, Бојко Борисов и министрите во владата, пред почетокот на Заедничката седница на Владата на Р. Македонија и Владата на Р. Бугарија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, оствари средба со ресорниот министер за земјоделство, храна и шумарство, на Р. Бугарија, Румен Порожанов.
Раговарано е за областите на соработка и за нејзино брзо ефектирање преку конкретни чекори што треба да се преземат по оваа средба.
Акцентот ќе се стави на поголемо искористување на #IPАRD,средствата преку создавање услови за нивна поуспешна апсорпција.


