Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, според престижниот магазин Форбс, е најбогатиот спортист на сите времиња.
Најдобриот кошаркар на сите времиња досега заработил вкупно 1,85 милијарди долари, а повеќето од нив се договори за спонзорство.
Покрај Џордан, уште четворица спортисти заработиле повеќе од една милијарда долари во животот. Тоа се голферите Тајгер Вудс (1,7), Арнолд Палмер (1.4), Џек Никлаус (1.2) и поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој заработил точно една милијарда долари.
Од активните спортисти најбогат е Леброн Џејмс кој е досега во својата кариера заработил 730 милиони долари, а зад него се Кристијано Роналдо (725), Роџер Федерер (675) и Лионел Меси (600).
Топ 10-те најбогати спортисти на сите времиња се:
1. Мајкл Џордан (кошарка, САД) 1,85 милијарди долари

2. Тајгер Вудс (голф, САД) 1,7 милијарди долари

3. Арнолд Палмер (голф, САД) 1.4 милијарди долари

4. Џек Никлаус (голф, САД) 1,2 милијарди долари

5. Михаел Шумахер (Формула 1, Германија) 1 милијарда долари

6. Фил Микелсон (голф, САД) 815 милиони долари

7. Коби Брајант (кошарка, САД), 800 милиони долари

8. Дејвид Бекам (фудбал, Англија) 800 милиони долари

9. Флојд Мејведер (бокс, САД) 785 милиони долари

10. Шекил О’Нил (кошарка, САД) 735 милиони долари



