Средба на владини претставници со откупувачи на јагнешко месо: Градиме партнерски однос за унапредување на оваа стопанска гранка

На средбата беше заклучено дека разговорите од овој тип се одлична стартна основа за започнување на сериозна и долгорочна соработка помеѓу Владата, сточарите и државните и претставниците на кланиците – откупувачи на јагнешко месо, со цел да се унапреди соработката, да се воспостави комуникација и дијалог низ кој ќе се изнаоѓаат решенија за наталожените проблеми, но и ќе се развиваат стратегии за развој на оваа гранка. Советничката Николовска ги слушна барањата на откупувачите и ги информираше дека Владата на Република Македонија формираше Комитет за земјоделство и безбедност на храната со кој претседава лично Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и дека систематизираните барања и предлози коишто беа тема на разговор ќе бидат процесуирани и разгледани во рамки на ова тело во кое се носат важни одлуки и решенија за граѓаните на Република Македонија. Заеднички беше констатирано дека важен е партнерскиот однос што Владата на Република Македонија го воспоставува со сточарите и откупувачите во процесот на носење и спроведување на политики во интерес на граѓаните. DSC_7758 (1)]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести