– Тој немаше потреба да се врати на првото место за да докаже кој е во тенисот. Она што тој го постигна е навистина многу тешко и јас само можам да му честитам. Рангирањето не лаже, тој беше подобар од мене во последните 12 месеци, посочи Надал.
Шпанскиот тенисер наведе дека ќе се труди да ја одигра сезоната најдобро што може, без при тоа да се оптоварува со позицијата на АТП листата.– Ме прави среќен тоа што се чувствувам мотивиран и имам желба да освојувам турнири. Нема да се борам за првото место. Да се биде прв, трет или петти веќе нема разлика, наведува Надал.
Тој во моментов се подготвува за турнирот во Акапулко, Мексико, на кој ја брани титулата откако лани во финалето го порази Американецот Сем Квери.]]>


