Освои злато во сноуборд по дијагноза на рак, 48 зрачења и операции

Драмата на параолимпијката, која и во Сочи триумфираше во сноукрос, почнала во јули. Лекарите тогаш и дијагностицирале рак и тоа по деветти пат во нејзиниот живот. Бибијан во 2002 година ја загубила потколеницата бидејќи тумурот ја нападнал коската, а овојпат во прашање биле вратните пршлени. – Беше утврдено дека 40 отсто од шестиот вратен пршлен е зафатен со рак. Минатото лето направив 48 зрачења. Кога наводно излечена се вратив на рехабилитациските тренинзи се утврди дека пршленот скоро колабирал од ракот и радиолошката терапија. Тогаш ми рекоа дека рбетот би можел да ми се прекине на тоа место и да останам парализирана доколку не бидам оперирана веднаш, вели Ментел-Спе. Таа набргу потоа имала две операции на вратниот пршлен. – Едната беше крајот на декември, а другата на 3 јануари. Тогаш лекарите ми рекоа дека вратот ми е во ред и дека се надеваат оти ќе успеам да заминам на Параолимписките игри, истакна Холанѓанката. Бибијан Ментел-Спе вели дека само пред три недели повторно застанала на сноуборд и затоа и е неверојатно што го освоила златото. ИЗВОР: МИА]]>

Најчитани вести