(ВИДЕО) Заев: Реформите и евроатлантската агенда се врвен приоритет и најголема одговорност на Владата

Премиере што е договорено до сега помеѓу групите што разговараат за реформите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и конкретно, сакам да ве прашам за законот за политички партии. Дали е побарано од ВМРО и дали е дадена согласност од СДСМ за финансирањето, да има повеќе буџет за политичките партии? Премиерот Заев: Се преговара по сите законски решенија. Двете политички партии преку своите политички претставници и работни групи ќе објават кога ќе биде тоа усогласено и договорено. Јас не би сакал предвремено или преурането нешто да објавам, но ќе кажам дека од претставниците на СДСМ имам позитивен фидбек, односно информации дека добро течат работите. Се работи за еден пакет поврзан со реформските процеси, но и она што значи усогласување во државата, како што е изборното законодавство. Убаво е навремено да дискутираме, не само во очи на изборите. Во рамките на тоа изборно законодавство, јас, нашиот концепт го соопштив, за кој што се залагаме, една изборна единица, професионални институции, значи ДИК да биде административен орган, а да учествуваат политичките партии шест месеци пред изборите. Отворајќи ги вака законите, се отвори и прашањето за финансирањето на политичките партии. Секако тенденцијата ја прифатив од работните групи и ги испратив претставниците на СДСМ да поддржат концепт, кој што ќе ја зајакне независноста на политичките партии, и политичарите од екстерното финансирање. Тоа значи од донации, физички или правни, кое што секако политичарите и партиите ќе ги направи понезависни во иднина. Тоа значи дополнителна можност за финансирање на политичките партии согласно трошковници, кои се знаат транспарентно кои се, за да можат граѓаните да знаат зошто од буџетот се финансираат овие пари, но истовремено и политичарите да не бидат зависни од било какви центри на моќ. Господине Заев, најавивте реконструкција во владата, кога ќе се случи и може ли да кажете во кои ресори може да бидат… Премиерот Заев: Реконструкцијата на Владата, пред сè, ќе биде предводена, при евентуалните промени, согласно договорите со политичките партии и пратениците кои што би ја прифатиле програмата на Владата и влез во парламентарното мнозинство. Оттука ќе тргнат и преговорите за ресорите а истовремено и за кадрите кои ќе бидат понудени во овој дел на реконструкција и промена на одредени кадровски структури во државата. Значи уште еднаш напоменувам, почнуваме процес на зголемување на парламентарното мнозинство во државата. Овој процес значи испраќање на сериозна порака до граѓаните, до стопанството, до општеството. Имаме намера, преку посилно и постабилно парламентарно мнозинство, да носиме сериозни одлуки во Република Македонија, кои што, сите знаеме дека се на повидок и доаѓаат. Апсолутно ќе разговараме со сите, кои што имаат намера, во еден ваков концепт, за едно општество за сите, оние кои што се придржуваат на вредностите на ова владејачко мнозинство, а тоа еве и со законот за јазиците, апсолутно е определено и во кој правец и ќе се движиме. Луѓето кои што не даваат шанси на едно општество за сите како концепт, јас и не верувам дека може да бидат дел од парламентарното мнозинство. Тие кои што даваат шанса, вредно е да разговараме со нив, затоа што некои од нив и до сега беа опозиција, а даваат поддршка на вредностите што значат едно општество за сите, и нормално општество кое што е посветено на реформите, и евроатлантските интеграции на Република Македонија. Така да, веројатно ќе разговараме со сите опозициони политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ. Во вчерашниот извештај специјалната обвинителка реагира дека сè уште не е законски решен статусот на тоа Обвинителство и покрај заложбите, но и дека Собранието ги нема донесено законите кои што ги бара веќе од поодамна. Тоа се законирте за укажувачи, за приватност, за заштитени сведоци. До каде е оваа работа кога веќе говориме за закони и за владеење на правото? Премиерот Заев:Она што го добив како информација од работните групи, е дека законот за заштитени сведоци, законот за следење на комуникациите и некои слични закони, се или целосно усогласени, или на крај на усогласување. Убаво е тие закони да бидат изгласани и од власта и од опозицијата. Така ќе има посериозна гаранција за нивното почитување. Не само правно формално, тоа мора да биде така кога ќе се донесе законот, туку самиот дух на законот да го даде својот резултат. Во делот на правосудните реформи, Законот за судовите, Законот за Судски совет, и другите закони кои што се буквално тема на преговорите, ќе се реши трајно и иднината на Специјалното јавно обвинителство. ]]>

Најнови вести

Најново од Uncategorized

Најчитани вести