„Скопски пазар“ продал бараки без имотни листови

Дел од изложената стока на овие продавачи е изложена на самиот тротоар, а веднаш до истиот тротоар, на коловозот, се поставени тезги, кои се протегаат паралелно до крајот на бараките, со што е узурпиран дел од улицата кој е наменет за возила. Во тој метеж, за да биде уште потесно, продавачите на домашен рефусен тутун, исто така се наредени на коловозот и практично едната лента е целосно затворена. Со овие продавачи тешко можете да позборувате и отворено да ви признаат некои работи затоа што голем број од нив се поставени на диво, па стравуваат за егзистенцијата и сметаат дека е подобро да молчат. Но, затоа зборуваше еден друг продавач на облека од бараките. Неговата барака е една од неколкуте кои се условно на граничната линија која целиот ред продавници го дели според тоа- дека некои кираџии можеле да ги откупат дуќаните, но помал број не можеле затоа што ќе морале да се рушат, најверојатно заради изградбата на новиот пазар, проект кој подолго време го најавува раководството на Скопски пазар. -Поголем број бараки се откупија, но ние десетина останавме со неизвесна судбина. Само не известија дека ние нема да можеме да ги купиме дуќаните и дека ќе продолжиме да плаќаме кирија, ама не знаеме до кога. Сега се прашуваме ако не срушат, каде ќе не сместат додека се гради пазарот? Ние не можеме да веруваме дека пазарот ќе се направи експресно затоа што со години го вртат истиот муабет и никако да го направат, го пренесе стравот искусниот дуќанџија. На заминување некои од пазарџиите отворија уште една дилема. Деновиве слушнале дека, освен што платиле скапо за дуќаните, дека ќе мора да го откупат и земјиштето под објектите. Тоа, исто така е во сопственост на Скопски пазар, од каде сега наоѓаат разни начини како да ја полнат касата затоа што фирмата е во милионски долгови. Дали и зошто Скопски пазар сега сака да заработи од продажба на земјата и која е вистината за имотните листови? Зошто толку скапо се продадени овие бараки и како тие ќе се вклопат во новиот проект за Бит пазар? Раковдството на Скопски пазар и овој пат избра да молчи без да ги расчисти дилемите и сомнежите на продавачите. ]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести