Царовска: Просечната плата во производство на облека е зголемена за 16%, а во текстилната индустрија за 24%

Покачувањето се одвива без поголема поддршка од буџетот, односно само мал процент од фирмите аплицираат за субвенции. Ова покажува дека фирмите се во кондиција и можат да ја исплаќаат мининмалната плата, а тоа не се одразува негативно на самиот бизнис. Според министерката, има и други аспекти кои треба да се разговараат со работодавачите, како инвестиции во технолошкиот развој, но законот за минималната плата ја оствари својата цел и ги даде резултатите. Миленковски посочи дека разговорот со министерката беше конструктивен. Според него, законот за минимална плата го даде својот резултат, но смета дека треба да се оди понатаму, особено во насока на модернизација на оваа индустриска гранка. Оваа компанија е една од оние кои исплаќаат минимална плата без поддршка од државата. -Според синдикалниот претставник Радовски, законот се применува во целост. „Кога се има волја и желба да се разговара за сите проблеми кои ги засегааат и едната и другата страна, можеме да дојдеме до успешни работи“ – изјави Миленковски. ]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести