Факторингот многу малку искористен, речиси непознаница за домашните фирми

Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, присуствуваше на конференцијата и истакна дека поддршката на малите и средните фирми која е една од клучните владини определби, мора да се спроведува на долг рок. Во таа насока, една од мерките е настојувањето да се зголемат средствата во МБПР и значително да се намалат каматите. – Факторингот помага во подобрување на готовинскиот тек на компаниите, обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога им е најпотребен, го подржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот е преземање на недоспеани побарувања, изјави Јове Ристески од проектот на УСАИД што им беше презентиран на компаниите. Според него, одложеното плаќање е голем проблем за нашите мали и средни претпријатија, а факторингот може да го скрати рокот, па наместо да чекаат трговецот да им ги даде парите за 90 дена, фирмите ќе ги добијат веднаш и ќе ги искористат во некој друг, поприоритетен правец. Факторингот кај нас засега го користат банките и само некои фирми што слушнале и што знаат дека е тоа опција да си помогнат во даден момент, а го нудат и осигурителните друштва, како и Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) како придружен производ на осигурувањето за извоз. zoran_publika Во Европска унија обемот на факторинг изнесува повеќе од 10 отсто на БДП, а во Словенија чиј пазар е поразвиен од останатите во регионот, достигнува три проценти од БДП или 1,2 милијарди евра. Извор: МИА ]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести