Бектеши: Eнергетските реформи ги исполнуваме во рекордно време, Македонија прва во регионот

– Благодарение на динамиката на енергетските реформи, Македонија оваа година е рангирана на прво место, а во Извештајот за одржлив развој на Европската енергетска заедница за месец јуни 2017 година, беше рангирана во групата на земји со значителна стагнација во однос на одржливите реформи во областа на енергетиката, потенцираат од ресорното Министерство. Потсетуваат дека кон крајот на минатиот месец македонската Влада одобри нов закон за енергетика, предложен од Министерството за економија. Носењето на овој закон, укажуваат, главно, има економско влијание, бидејќи го означува крајот на монополот и доделувањето на правото на избор на потрошувачите, што значи дека малите и средните претпријатија, како и домаќинствата ќе имаат право да изберат снабдувач на електрична енергија и природен гас. – Покрај тоа, предложеното решение ќе ја зголеми конкурентноста во доделувањето feed in премииите, во транспарентна постапка која ќе вклучува аукција, што се очекува да придонесе за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор, преку одржливи правни рамки, наведуваат од Министерството за економија.]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести