(ВИДЕО) Николовски: Поттикнуваме поголема искористеност на финансиските средства од ИПАРД фондовите

Се работи за компанија која 25 години работи во областа на мрзнење на вишни, пиперки и сливи , сушење и пакување на шумски печурки и за преработка на овошни производи за чоколадна индустрија, како и за производство на овошен алкохол , а чие што производство 90 отсто е насочено кон извоз на европските пазари. ovosje МЗШВ ја препознава економската важност на ваквите инвестиции. Во тој контекст, постојано се работи на јакнење на административните капацитети во процесите на подготовка и евалуација на потребната документација при аплицирањето за средства од ИПАРД фондовите . Оваа година ќе бидат објавени нови повици на кои индивидуалните земјоделци и агрокомпаниите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка. Заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се преземаат мерки за создавање на поволни услови и полесни административни процедури за потенцијалните корисници и се надеваме на што поголема искористеност на европските фондови, а целта е да се зголеми портфолиото на мерки кои ќе бидат финансирани со ЕУ фондови и ќе бидат достапни до македонските земјоделци и агробизнисмени. ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести