Дејли Меил. Македонската компанија ФЕНИ Индустрис беше една од двата објекти за топење на Кунико којашто во септември 2017 година престана да работи и Кунико се обиде да го продаде за еден долар, но со долг од речиси 70 милиони американски долари. Претпочитаниот инвеститор на Кунико, бугарскиот трговец со електрична енергија Енекод, со капитал од само 50.000 евра, не успеа да ги убеди главните доверители дека е способен да ги сервисира долговите и да ја води фабриката, така што ФЕНИ Индустрис банкротираше во ноември 2017 година. Доверителите не беа единствените кои изгубија, судбината на 800 вработени требаше да биде запечатена исто така, и тоа во земја каде што стапката на невработеност е 22%. Покрај тоа, македонските власти, јавното обвинителство за организиран криминал и финансиската полиција покренаа обвиненија против именуваното раководство на Кунико. Обвиненијата се измама,организиран криминал, злоупотреба на службената должност, врз основа на 50 милиони американски долари отпис, 30 милиони американски долари продажба на материјал под залог, непријавени двојни залози на акции и средства… листата е долга. Спротивно на тоа, Кунико, исто така, одлучи да ја тужи Република Македонија заедно со уште 12 други лица, тврдејќи дека имотот што го продаваат за еден долар е “киднапиран” од нив. ЊуКо Фероникели од Косово е другата топилница на Кунико, којашто речиси една година е во состојба “тргни-застани” со производството, а веќе три месеци операциите целосно се прекинати, платите доцнат со месеци, уште 1000 вработени се плашат од најлошото, се претпоставува дека вкупниот долг на компанијата ќе надмине 85 милиони долари, а се чини и дека друг банкрот е во тек. Локалниот менаџмент речиси една година е оставен сам на себе, Кунико е надвор од сликата, и повторно се најавуваат потенцијални инвеститори, но сè уште не се појавиле. Мајаникел СА со седиште во Гватемала е рударска подружница на Кунико Рисорсес која има за цел да ја обезбеди долгорочната иднина на топилниците на Кунико и да ја направи групацијата вертикално интегриран производител, особено по индонезиската забрана за руда, од која Кунико многу зависеше. Стекната во 2014 година од Енфилд Голд Корп., требаше да се исплати до 2019 година. Меѓутоа, во ноември 2017 година, Енфилд Голд објави неисполнување на Кунико и склучи договор со Интернешенл Никел Саплај СА, регистрирана во Гватемала во 2017 година, за која се сомнева дека е параван фирма на ТЕЛФ АГ, друга компанија поврзана со ИМР, така што последната би можела да ги задржи ресурсите, но истите да ги заштити од ризикот на извршување против Кунико. ИМР и Самерсајд Инвестментс Сарл добија над 90% од акциите на Кунико во декември 2015 година, врз основа на судска одлука на надлежниот холандски суд. Условот беше депозит од 66,5 милиони американски долари на овие компании-мајки на Кунико, капитал кој требаше да се користи од страна на подружниците да ги исполнат своите финансиски обврски. Сепак, овие средства останаа недопрени до крајот на 2016 година, кога нивната важност истече и новиот мнозински акционер ги повлече, без да потроши пара во операциите, додека растечките долгови се префрлија во 2017 година. Како резултат на тоа, за помалку од една година единствено што остана од Кунико Рисорсес е Гваксилан, вториот, многу помал рудник во Гватемала, пишува Ројтерс.]]>


