(ВИДЕО) Нови 30 милиони денари за подобри пристапни патишта до нивите

-Со овие 30 милиони денари како нова мерка и политика ќе дадеме значаен придонес во пристапот до нивите и до обработливите површини, што во моментов претставува проблем за земјоделците. Ги повикуваме Центрите за развој на плански регион, во рамки на Програмата и во крајниот рок, да ги поднесат своите предлог проекти, и овие средства за капитални инвестиции да бидат ефикасно искористени, изјави министерот Николовски. Николовски порача дека во овој период Центрите за развој на планските региони, да ги детектираат приоритетните локации од круцијално значење за земјоделците и да се пријават со предлог проекти, во максимална висина од 10 милиони денари по плански регион. Планските региони согласно своите овластувања имаат најдобар преглед за итните регионални прашања кои треба да се решат. Рангирањето на апликантите ќе се изврши врз основа на степенот на земјоделско обработливо земјиште во регионот но и процентот на општини кои ги врзува во проектот. Програмата е донесена од страна на владата на РМ, на предлог на МЗШВ, според член 28 од закон за извршување на буџет на РМ за 2018. Во следниот период, општините ќе имаат можност да аплицираат за поголеми инфраструктурни зафати, преку програмата за рурален развој во земјоделството. nikolovski4 На новинарско прашање во врска со откупот на лубеници, министерот Николовски изјави дека се следи состојбата и ќе доколку е потребно ќе се донесат соодветни мерки. ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести