(ВИДЕО) Владата на Република Македонија потпиша договор за државна поддршка со компанијата ТЕЛАМОН – почетна инвестиција од четири милиони евра и 300 нови вработувања

„Ова е една од бројните странски инвестиции кои дојдоа во последните месеци во Република Македонија. Компанијата Теламон има над 2.000 вработени, функционира во повеќе држави во светот и има 784 милиони долари промет на годишно ниво, рече вицепремиерот Анѓушев, изразувајќи задоволство дека успешните компании ја препознаваат Македонија како место кое е добро за развој на нивниот бизнис и идни стратегии. Вицепремиерот Анѓушев истакна дека компанијата е дојдена во земјата пред само шест месеци и за толку кусо време се направени подготовките. Тој повтори дека според статистичките податоци Владата на Република Македонија бележи значителни успеси. „Првиот квартал во 2018 година, странските инвестиции бележат вредност од 235 милиони евра, што е повеќе од било кој квартал , тргнувајќи од 2007 година па наваму. Исто така, стапката на невработеност е намалена за 1,3 проценти или сега го има историскиот минимум од 21, 6 проценти. Извозот е зголемен за 14 проценти“, оцени Анѓушев, додавајќи дека сите бројки покажуваат дека Владата е на добар пат за раздвижување на економијата и дека со санирање на нискоградбата се очекуваат позитивни резултати на целокупната економска слика во државата. Директорот на ТЕЛАМОН Европа ДООЕЛ Скопје, Том Пуза го изрази задоволството од соработката со Владата и потенцираше дека стратешкиот план на компанијата е остварување на долгорочна соработка, настојувајќи на сеопфатен пристап и позитивно влијание врз сите граѓани. Директорот Пуза, потенцирајќи ги приоритетите на компанијата, објасни дека изборот за инвестирање во Македонија, менаџментот го направил чувствувајќи го топлиот пречек, но и покажувањето на интерес и отвореност за инвестиции во земјата, што влева оптимизам за остварување на сите актуелни и идни перспективи на компанијата. ]]>

Најчитани вести