Ангелов: Oдлучив да не ги тужaм „Инфомакс“ и „Република“, иако заслужуваат

содржи куп невистини, валканици и лаги. Нешто што впрочем е вообичаено за овој портал. Понатаму, во поднасловот стои дека: “Откако брачната канцеларија во МВР ја промени со позиција во Македонска Навигација, Ангелов доби нова функција на која ќе добива повисока плата од 50.000 денари“. Република е посебен случај. Изгубив желба да го коментирам нивниот текст, уште помалку објавената слика. Погледнете сами и пресудете. angelov3 ДЕМАНТ Не е точно дека добивам било каков паричен надомест за мојот ангажман како “Национален координатор за македонските бранители“ во Владата на Република Македонија. Оваа функција е резултат на 11 годишната борба на Достоинство за правата на македонските бранители и мене ми претставува особена чест и задоволство, ИНСТИТУЦИОНАЛНО, како НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР, да ја продолжам борбата на ДОСТОИНСТВО за македонските бранители, за стекнување со нивните права, за решавање на нивните проблеми. За нив самите, но, и за нивните семејства. Благодарен сум на Премиерот и Владата за укажаната доверба и чест. Јас самиот побарав оваа функција да ја вршам без никаков надомест. Единствениот мотив кој го имам беше и остана ист во последните 11 години, а тоа е борбата за правата на оние кои гинеа или беа подготвени да загинат бранејки ја татковината. ПОВИК ДО БРАНИТЕЛИТЕ Ја користам оваа прилика да ги повикам сите македонски бранители кои имаат било какви проблеми со државните институции да ми се јават мене лично. Имам сила да се слушнам со сите. Да помогнам секаде каде што се може. Сето тоа благодарение на подршката која бранителите ја имаат од Премиерот и од оваа Влада. ПОВИК ДО МЕДИУМИТЕ Ги повикувам нормалните медиуми, неоптоварени со омраза и злоба, да се јават во македонската Влада и да го проверат мојот ангажман. Посебен поздрав до Република и Инфомакс. Знам дека ви е тешко да разберете дека нешто може да се работи од срце и од душа, без пари. Но сепак може. Особено ако сте високо морална личност – може. За жал, вие тоа никогаш нема да го почувствувате, уште помалку дознаете. П.С. Молам споделете. НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР Генерал Стојанче Ангелов Извор: Фејсбук стстус на Стојанче Ангелов]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести