Прашањето на референдумот е повеќе од јасно, одговорот е наш, но наша е и одговорноста

ладата знаат дека ваквиот квази-патриотски курс ќе им дадат голема поддршка кај народот, сигурен нов мандат и лиценца за да се пресметаат со сите неистомисленици. Со други зборови кажано, најлесно е и најпрофитабилно за Владата е да ги продолжат веќе тестираните и докажани тактики на Груевци: додека ги полнат вашите уши со она што сакате да го чуете, да ги полнат своите џебови со она што сакате да го имате.

Но, лесно е да се игнорира реалноста. Тешко е да се живее со последиците од игнорирањето на реалноста. Заев избра да биде отворен и храбар. На своја штета избра да биде одговорен и зрел политичар, наместо да биде популист и демагог. Собра доволно доблест за да изнајде предлог и да го стави на референдумско изјаснување на граѓаните. И за исходот на референдумот нема да одлучи тој: негова работа беше само да најде взаемно прифатлив предлог, а наша работа е дали тој предлог ќе го прифатиме или не. Исходот на референдумот, а со тоа и иднината на нашата земја, зависи целосно од нас самите. На референдумот нема да гласаат ни Трамп ни Путин, ни Хан ни Могерини. Ќе гласаме ние кои треба овде да живееме. И на денот на референдумот ќе треба да избереме во каква земја сакаме да живееме. Дали сакаме да бидеме црна дупка на Балканот, небаре некој Бермудски триаголник, затворен, зачаурен, скаран со сите и со себе? Или сакаме да бидеме дел од регионалните и светските текови, да фатиме корак со светот и да станеме дел од развиеното семејство на демократски и просперитетни нации? Прашањето на референдумот е повеќе од јасно, иако воопшто не е лесно. Одговорот е наш, но наша е и одговорноста. Фејсбук статус на Драган Алчинов
]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс