По пожарите закана од политички земјотрес Комеморации, советувања на жртвите и спасувачите – по многу загубени политички битки Мицотакис со ова добива симпатии кај народот. Следната година ќе има парламентарни избори. Но, опонентите на актуелниот премиер се надеваат дека ќе може да се одржат порано. Еден закон би можел да ги доближи до нивната цел. Никос Сахинидис, претседател на Здружението на грчките волонтери пожарникари ЕСЕПА во разговор со „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ остро ја критикува владата. неговата организација е специјализирана на гаснење шумски пожари. Но, закон од 2014 им забранува на волонтерите пожарникари да се активираат по сопствена иницијатива. Монопол на гаснењето пожари имаат професионалните противпожарни единици, кои поради актуелната криза немаат доволно капацитети. Сахинидис вели дека катастрофата можела да биде помала ако се ангажирале и обучените доброволци. Иако законот го донесе претходникот на Ципрас, Антонис Самарас, за актуелниот премиер последиците од законот може да предизвикаат скандал. Во август завршува кредитната програма за Грција и Ципрас се труди од тоа да направи политички успех за себе. Истовремено бавниот раст на економијата повеќето Грци речиси и да не може да го почувствуваат. Многумина му забележуваат на премиерот дека договорот со Македонија за решавање на спорот за името го направил на сметка на грчката историја и против волјата на грчкиот народ. Ситуацијата во земјата е тензична, а емоциите имаат поголемо влијание од фактите. Во следните денови ќе се покаже како политиката ќе реагира на катастрофата. Јасно е само дека Грција е во постојана изборна кампања, а катастрофата со пожарите ќе има свое политичко продолжение. Извор: ДВ]]>


