-Огромни се придобивките за аграрот и земјоделците од членството во ЕУ, како поради користењето на сериозни суми на субвенции така и заради големиот пазар, сигурниот пласман и следењето на европските стандарди во производството. Минатата година за агросекторот имавме 1 милијарда и 600 милиони евра, од кои само 150 милиони евра од домашен буџет – истакна Порожанов и додаде дека е многу е важно да се усогласи земјоделското производстсво со Заедничката европска политика (CAP) и да се следат новитети односно стратегијата на ЕУ во делот на земјоделското производство.
Она што е најново во ЕУ, според стратегиските планови на политиките за 2020 година е политиката на подмладување на секторот. Што значи дека во иднина најмногу средства ќе се одвојуваат за младите фармери.
-Според тенденцијата како се одвива земјоделското производство се повеќе е евидентно намалувањето на интересот на младите да се занимаваат со одреден агробизнис. Токму затоа и според ЕУ стратегијата најмногу пари ќе се одвојуваат за различни мерки со кои ќе се стимулираат младите земјоделци. Ќе се инвестира во инфраструктура во рурални подрачја и воопшто да се овозможуваат услови за живот и профитабилно земјоделско производство како мотив да останат младите во селата и помалите населени места- изјави Порожанов.
Искуството на Бугарија во искористеноста на ЕУ фондовите и руралниот развој се драгоцени за Македонија во овој период, потенцираше Николовска.
-Соработката на двете министерства која ја започна министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе продолжи и натаму. Умешноста и професионалноста на администрацијата како и подготвеноста на апликантите е клучна за повлекувањето на ЕУ фондовите и во таа насока ќе продолжи нашата соработка. Денеска само благодарност повеќе за поддршката која ја добиваме од Бугарија за важните процеси во нашата држава. Владата на Република Македонија е силно определена за влез на државата во евроспкото семејство – рече Николовска.
]]>


