компанијата „BRAND FYTO“, која се занимава со производство на овошни садници.
-Посакувам што побрз влез на Македонија во ЕУ за и вие како наши соседи го видите бенефитот од вропските фондови. А ние сме тука да помогнеме и да создадеме квалитет каков што бара ЕУ пазарот, изјави Костас на примањето на признанието.
Браниотис Костас од Верија- Грција, е сопственик на компанија која се занимава со производство на овошни садници, вклучувајќи и органски, со модерна нано-технологија, здравствено исправни, по сите стандарди што ги бара ЕУ. Во Грција се најголеми производители на овошен саден материјал, а садниците ги продаваат во неколку земји како Молдавија, Русија, Кипар, Бугарија и други европски земји.
-Нашиот бизнис има 35 годишна традиција, а поголемиот развој започнува со членството на Грција во ЕУ, поточно оттогаш бележиме постојана нагорна линија. Денеска имаме 20 ха расадник со 1 400 000 овошни садници од различни видови – вели Костас.
Планираат својот бизнис да го прошират и во Македонија. За почеток со дистрибуција на готови садници со кои македонските земјоделци ќе се уверат во квалитетот за потоа да започнат и со производство на саден материјал и во Македонија.
-За нас Македонија е мал пазар но она што забележавме при истражувањето на состојбите во регионот е дека македонските земјоделци заостануваат многу зад своите колеги од соседството, особено Албанија и Бугарија. Таму има значителен напредок и затоа сакаме да помогнеме на некој начин во развојот на аграрот. За почеток само со продажба на нашите квалитетни садници преку застапникот „Биоаграр Ресен“ но потоа и со расадник и кооперанстки односи со земјоделците од садник до пласман на земјоделските производи. Од квалитетот на садниците зависи родот и профитот – изјави Костас и додаде дека наскоро овој план ќе почне да се реализира.
– Нашите две земји мора да соработуваат на економско ниво. Интересот ни е заеднички, а успехот ќе биде и на земјоделците и на државата- заклучува Костас.

]]>


