2.Во пресрет на една од најпосакуваните манифестации “Саем на мебел“, која ќе се одржи во ВИП Арената Борис Трајковски, можеме да зборуваме за бројките на посетеност досега? Со оглед на тоа што самските изданија ги гледаме сега во СЦ Борис Трајковски, делуваше тоа на изложувачите и посетителите?
-На новата локација досега одржавме веќе 3 саемски манифестации: Технома, Градежништво и Саемот на книгата. Имајќи го големиот интересот за учество на овие саемски манифестации и посетеноста на истите од околу 30.000 посетители, може да кажеме дека промените многу не влијаеа врз организацијата на саеми.
3.Кога се изложувачите во прашање традиционално соседните земји секоја година се заинтересирани за саемските манифестации, но од година во година се зголемува бројот на македонски изложувачи?
-Со оглед дека индустријата на мебел е во подем во нашата држава, се отвораат многу фабрики и се јавуваат нови производители на пазарот расте и интересот за учество на саем. Сепак саемот е можност на едно место да се претстават новите модели, дизајни, форми, а нашите компании можам да кажам слободно дека го следат чекорот со светските трендови и дизајни во производство на мебел. Со тоа и интересот за посета на овој саем е толку голема, учесниците има што да понудат, а посетителите што да видат.
Текстот во целост на ubava.mk]]>


