Утре протести и блокади пред Собранието

„Од говорницата пред Собранието ќе се обратиме со Општ јавен повик за продолжување на континуираниот македонски отпор, народна/граѓанска непослушност, против штетните нелегитимни недемократски и антидржавни политики на нелегитимната власт“ , се вели во нивното соопштение. Исто така, тие најавија и организирање мораториумски народен собир и демонстрации пред Јавното обвинителство на Република Македонија. „Мораториумските акции на отпорот ќе ги шириме низ Република Македонија и насекаде во светот, во земјите, каде живеат и чии државјани се Македонски граѓани, со нивно масовно учество. Ги повикуваме сите субјекти од Единството на Македонскиот народ, да застанат зад мораториумот како неопходен механизам и една од мерките за спречување на штетните политики“, велат организаторите.
Собраниската Комисија за уставни прашања на 10 октомври, петок, со десет гласа „за“ и седум „против“ го  поддржа владиниот предлог за пристапување кон промена на Уставот. Собранието утре ќе пристапи кон гласање на уставните измени за чие усвојување е потребно двотретинско мнозинство.]]>

Најчитани вести