Пред започнувањето на есенската сеидба, пелагониските земјоделци добија совети за новите технологии при ѓубрење на земјата. Производителот од Бугарија и експерт за земјоделие Павел Стоименов, им ги презентираше новите технологии кои за време на неговиот едногодишен ангажман во Пелагонија се покажале како многу успешни со приноси над просекот. -Работиме по нов начин на работа, без орање, со помалку ѓубриво, помалку хемија, за да ја зачуваме животната средина и соодветно поголеми приноси, за една година постигнавме резултати. На индивидуалните земјоделци им е интересно, некои гледаат добро на тоа, некои не, вели Павел Стоименов, експерт за земјоделие од Бугарија. Земјоделците велат дека ќе пробаат да применат дел од новите технологии. -Тоа е чудо нешто, нова технологија, ние сме веќе со застарена технологија, со орање, со скапи препарати, скапо ѓубре, вели Драги Неделковски, земјоделец од Долно Српци. Важно е земјоделието да оди напред, вели Стоименов. -Затоа што светот ќе достигне девет милијарди во 2020 година и честа за се нахранат ќе падне на нас. Затоа треба да се оди на нови технологии, нов вид работа, добивање поголеми приноси и соодветно чување на животната средина. За да може да си ја чуваме земјата и за идното поколение. Не е само натпреварот да добиваме големи приноси, а на сметка на тоа да ја уништиме земјата. Затоа ние користиме органско со малку хемија, вели Стоименов. Работилницата се одржа во Агенцијата за развој и поттик на земјоделието во организација на Современо земјоделство.]]>


