во чл.53 ст.5 од Деловникот на Собранието за одржувањето на комисиската седница.
Согласно чл.54 ст.1 врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот (до недела на полноќ), одлучува по барањето (а не по ставот на комисијата).
Тоа значи дека се исполнети сите услови за Претседателот на Собранието да закаже пленарна седница во предвидениот рок. Немањето став на Комисијата, во никој случај не значи дека Собранието не треба да расправа по барањето од Судот.
Истовремено, најодговорно тврдам дека здравствените проблеми кои ги имаше колегата Агим Шакири од ДУИ се вистински. Токму докторите кои го третираа му препорачале да не ја напушта болницата и да не дојде на гласање. Останува нејасно зошто неговата заменичка не дојде да гласа наместо него, но во овој момент не верувам дека причините за тоа се задкулисни игри.
Останува да видиме дали Претседателот на Собранието ќе ја исполни својата должност да закаже седница во предвидениот рок, до утре на полноќ. Верувам дека ќе го стори тоа.
п.с. Се разбира дека ВМРО ДПМНЕ ќе велат дека немањето став значи и немање можност за закажување на пленарна седница. Но, Деловникот вели поинаку.
Фејсбук статус на Павле Богоевски
]]>


