Сеидбата на сончогледот е во тек, ќе го следиме производството до откуп

Во тек е сеидбата на сончогледот од проектот договорно производтсво кој заедно со земјоделците и откупувачот фабриката „Благој Ѓорев“ го започнавме мината година. Интересот, според склучените договори и согледувањата на Асоцијација на производители на Сончоглед- Asocijacija na proizvoditeli е голем и годинава се очекува зголемено производство, за разлика од лани. За оваа цел се формираше работна група од претставници на институциите, земјоделците и откупувачот. Првичното барање на земјоделските производители беше да се зголемат субвенциите за што МЗШВ излезе во пресрет и годинава значително се зголемија субвенциите. Исто така, преку Државниот земјоделски инспекторат ќе се следи почитувањето на договорите, заради сигурност на двете страни и како трет чекор во овој процес е едукацијата на земјоделските производители со цел да добијат повисок и поквалитетен принос. За таа цел, во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола имавме средба на која присуствуваа претставници на Асоцијацијата на производители на сончоглед, Angela Geroska GurovskaАнгела Геровска и Никола Петковски, директорот на агенцијата Elgafar JusufiЕлдгафер Јусуфи и раководителите на регионалните канцеларии на АПРЗ. Идејата е да се ангажираат советниците да го следат производството на сончоглед и во соработка со Асоцијацијата да им се помогне на земјоделците да произведат поголем квалитет и принос. На тој начин ќе се достигне приносот од 1.500 килограми од хектар и ќе се исполни условот за субвенциите кои до 20 ха се близу 400 евра од хектар. Исто така на овој начин ќе им се исплати повеќе берзанската цена по која ќе се откупува сончогледот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“. Во следниот период ќе се екипираат советници кои ќе имаат и обуки за ова производство, ќе имаат сознанија за сите новитети и модерни технологии кои ќе им ги пренесуваат на терен на земјоделците. Процесот ќе го заокружиме со следење на производството до самиот откуп и исплата на сончогледот, согласно договорот со откупувачот.
Се надевам на добра реколта, зголемено производство и намалување на одливот на девизи од државата за увоз на индустриски сончоглед и развојна компонента на субвенциите кои ќе дадат позитивен ефект, односно ќе „регрутираат“ нови производители и обработка на земјоделски површини кои досега беа необработени или одличен плодоред на пченицата и јачменот.
Фотографија на Ленче Николовска.
Фејсбук статус на Ленче Николовска- посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести