Кои се партиските активисти кои се обидоа да ја злоупотребат трибината на МЗШВ во Велес

Навидум загрижен за сточарите, а всушност одработува за ВМРО ДПМНЕ. Митко, е само извршителот на валканите работи, а главниот логистичар е Тони Тасков, човек од доверба на ВМРО ДПМНЕ, вработен во Агенцијата за поттикнување на земјоделството, подрачна канцеларија во Велес, кој злоупотребувајќи ја службената моќ, ги манипулира земјоделците на протести. Тони и Митко се главните организатори на протестот на сточарите пред МЗШВ, што беше на 20 декември минатата година. Земјоделците беа донесени со платен автобус, а сега истите двајца се организатори и на пресот и протестот вчера во општина Чашка, за што говори сликата во прилог каде Тони (свртен со грб во карирана кошула) им дава насоки на сточарите како да дејствуваат. PHOTO-2019-03-23-09-48-44 За нивната партиска љубов сведочат и сликите каде со партиски обележани маици, двајцата се појавуваат на партиски настани. thumbnail Митко е и еден од подржувачите на „ќосињата“ од Велес, кои насилно упаднаа на 27 април, во Собранието на РСМ, со цел да го ликвидираат премиерот Зоран Заев и не се срами јавно да го објави тоа. mitko1 thumbnail (1) Дали Митко Јанков, е вистински загрижен за сточарите или одработува за неговата партија и до кога земјоделците ќе бидат заложници на вакви манипулатори кои ги злоупотребуваат за лични цели?]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести