Во текот на вчерашниот во МЗШВ се одржа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на кој што исто така се разговараше за состојба со откупот на јагне и за извозот. Од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето и нема да се дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да не прават загуба. Паралелно, МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото, а веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. ]]>


