– Би било лицемерно да го поддржиме едниот или другиот кандидат. Шарена револуција нема намера да даде „шарен печат“ и пред избори да излезат и да речат гласајте за овој или оној кандидат. Сакаме да го оставиме простор да се одговорат прашањата кои ги засегаат луѓето чии принципи се принципи на Шарената Револуција. Ние имаме конкретни прашања кон двата кандидати и бараме конкретни одговори – изјави Стеријовска. Според нив, е легитимно тоа што двајцата кандидати бараат поддршка од Шарената Револуција и тоа значи дека вредностите на Шарената Револуција го издржиле тестот на времето. Но, истовремено е значајно да се спречи нејзина злоупотреба од кој било табор и да се креира отворена платформа преку која активистите и сите останати ќе можат директно да ги прашаат претседателските кандидати за дилемите кои ги имаат околу секој од нив.]]>


