Николовски: Преку соработка со чешките компании до развој на македонското млекопроизводство

Токму мерката за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој, беше во фокусот на Б2Б, а целта беше да се идентификуваат можни добавувачи на стелни јуници од Чешка, со цел да се прошири понудата за македонските фармери за набавка на приплоден добиток и поефикасна искористеност на мерката. Во тој контекст, македонските и чешките компании разменија информации и контакти, и истите ќе им бидат презентирани на македонските фармери кои конкурираа на повикот. lj На средбата присуствуваа шест македонски и десет чешки компании од млечната индустрија, кои што разменија искуства во областа на млечната индустрија, а разговараа и за можностите за заеднички настап на трети пазари. Чешка забележува значителен напредок во млечната индустрија поради што нејзините искуства се добредојдени за македонските компании од овој сектор. Во текот на денешниот ден, министерот Николовски присуствуваше и на отворањето на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Р. Чешка, на кој што компании од цел свет ги презентираат своите производи и достигнувања во областа на сточарството.]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести