Претседателот на Советот и министер за земјоделство и рурален развој на Романија, Петре Даеа, истакна дека повеќе од потребна е чиста планета и здрава храна за сите. „Минатата недела, во Сибиу, нашите водачи ја потврдија важноста на унитарниот пристап кон климатските промени. Иако главната цел на земјоделството е да обезбеди безбедност на храна во Европа, земјоделството и шумарството може да придонесат за исполнување на амбициозните цели на ЕУ за животната средина. Денес, разговаравме како можеме да ги охрабриме и да ги подготвиме нашите земјоделци да се соочат со овој предизвик “, рече Петре Даеа, министер за земјоделство и рурален развој на Романија и претседател на Советот. Претставниците на „45- тата Конференција на директори на Платежните Агенции во Европската унија “, имаа можност да ги изразат своите ставови и да размислуваат за чувствителни прашања, како и за приоритетите и придобивките за земјоделството на ЕУ. Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување. Конференцијата на директори на платежни агенции во Европската унија е настан, кој се одржува два пати годишно во рамките на ротирачкото претседателство на Советот, посветен пред се на директори на платежни агенции на сите земји-членки на ЕУ и земјите кандидати.]]>


