Статус и фото на фб страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ Камион со приколка удри во напуштената (старата) патарина во близината на Градско, при што причинета е материјална штета. Возачот веднаш е пренесен во болницата во Велес каде што има полесни повреди. За неполн месец на истото место на старата наплатна рампа се случија неколку сообраќајни незгоди. Новата наплатна рампа е преместена на километар пред старата кога се оди од Скопје кон Гевгелија, а старата и натаму чека на нејзино целосно отстранување од патот.]]>


