Чепнете во МКЦ, таму се кријат чудни нешта

Непотизам во МКЦ Бриф доби во посед договори, врз основа на кои може да се види дека Ивица Петковски и Деа-Душица Петковска се ангажирани преку Договор на дело во јавната установа Младински културен центар. Ивица и Деа се брат и сестра, а заедно се први братучеди на Русе Арсов. Таткото на Ивица и Деа е вујко на Русе Арсов. dogovor_1_30-06-2019-4 crsm_tekovna_30-06-2019-5 Не треба да објаснуваме дека ангажирање на први братучеди во јавна институција е надвор од етичките норми на добро управување со јавните институции. Кога сопругата бара сопругот да остане директор на МКЦ Бриф преку Централниот регистар на Република Северна Македонија провери кој е Претседател на Синдикалната организација при ЈУ Младински културен центар. Мотивот за оваа проверка е петицијата на вработените во МКЦ, која ја испратиле во февруари до Министерството за култура и Градот Скопје, а во која, откако е отворен конкурсот за директор на МКЦ, бараат в.д директорот Русе Арсов да биде назначен за директор на институцијата. На наше големо изненадување Претседател на Синдикалната организација при ЈУ Младински културен центар е Маргарита Арсова, сопруга на актуелниот в.д директор Русе Арсов. crsm_tekovna_30-06-2019-1 crsm_tekovna_30-06-2019-2 crsm_tekovna_30-06-2019-3 Сопругата на Русе Арсов е и потписник на петицијата во која се бара Русе Арсов да биде именуван за директор на МКЦ. Сопругата бара сопругот да остане директор на МКЦ! Се прашуваме како изгледало собирањето на потписите за таа петиција. Како е возможно, во една јавна установа, во една културна институција, во држава која е кандидат за ЕУ, сопругот да е директор на институцијата, а сопругата да е претседателка на синдикалната организација на истата установа?! Овој текст е обид да се фрли светло врз работата на МКЦ, како важна културна институција за Скопје. Во наредниот период ќе објавиме неколку текстови, со погледи од различни агли, за кои се надеваме дека ќе придонесат во расветлувањето на ситуацијата околу МКЦ. После овој текст, пораката за надлежните е следна: Чепнете во МКЦ, таму се кријат чудни нешта.]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс