Што ме интересира што сум рекол вчера! Во 2003 година Мајкл Хауард, тогашен партиски лидер на конзервативците, од причини само нему познати, му даде на Борис Џонсон дури две позиции во својата влада во сенка – заменик партиски шеф и министер за култура. Една година подоцна беше отпуштен поради тоа што се покажаа точни обвинувањата дека имал афера со колумнистка во весникот. Претходно сето тоа го нарече „матно ср..е“. За жените кои носат бурка Џонсон рече дека изгледаат како „поштенски сандачиња“ или „ограбувачи на банки“, а на народот му ветуваше дека жените на гласачите на Ториевците ќе добијат поголеми гради и дека многу им се зголемуваат шансите да поседуваат БМВ М3. Неговите приврзаници „пукаат“ од смеење поради ваквите изјави и само им се зајакнува уверувањето дека тој е чиста спротивност на здодевните колеги и ривали во Вестминстер. Сериозно? Во 2001 година тој се’ уште велеше дека Обединетото Кралство треба да остане во ЕУ, зашто таа на „Британците им донесла предност во слободната трговија и слобода на движење и работа, па излегување до Унијата би можело да доведе до загрижувачка загуба на влијание“. Да, и јас сега си ги тријам очите со неверување. Но, следува уште нешто подобро. Во 2003 година во британскиот парламент рече: „Јас сум прилично голем фан на Европската унија. Да ја немавме, ќе моравме да измислиме нешто слично.“ Што точно мисли под „измислиме“ и не сакам да знам, но тогаш барем можел да ги препознае предностите на членството во ЕУ. Но, тоа очигледно не го мислел сериозно. Во 2018 година сметаше дека останувањето во заедничкиот пазар е „лудо“. Во 2016 година беше „за“, во 2012 година рече дека сака да остане во ЕУ, а за време на референдумот неговата кампања за излегување од ЕУ тврдеше дека „Велика Британија и по гласањето за излегување од ЕУ, ќе има пристап до заедничкиот пазар“. Апропо кампањата за излегување од ЕУ – се сеќавате ли се’ уште како на почетокот на турнејата со автобус ги раскажуваше своите стари приказни дека ЕУ определува колку криви смеат да бидат бананите? Глупост! И дека Велика Британија неделно на ЕУ и’ префрла 390 милиони евра, наместо со тие пари да го финансира подобро националниот здравствен систем? Повторно лага, зашто нето-плаќањето за ЕУ изнесува само една третина од таа сума. Повеќе на линкот: Дојче Веле]]>


