Епилог од акцијата на УЈП на Пластичарска: Не се издавале фискални сметки и не се воделе книги за дневни финансиски извештаи

МојДДВ. Како што најавивме веб апликацијата МојДДВ на која граѓаните ќе имаат детален увид за се што скенирале изминатиот период, како и колку поврат може да остварат е веќе изработена и тестирана и истата ќе биде пуштена во употреба, на оваа Веб Апликација граѓаните ќе може и да ги повлечат односно да ги поништат погрешно скенираните сметки. Ние како Управа за јавни приходи, институцијата којашто ја реализира оваа мерка, ќе продолжиме со контролите кај даночни обврзници за кои имаме пријави и од граѓаните со цел на секој еден корисник на МојДДВ да му овозможиме да оствари поврат. Никој не смее да им го одземе тоа право на купувачите и корисниците на други услуги со тоа што нема да им издаде фискална сметка или пак ќе им приложи невалидна. Во оваа прилика исто така сакам да апелирам и до дел од поголемите супермаркети за коишто граѓаните се жалат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки поради бледи баркодови, уште денес да ги сервисираат фискалните апарати, на што се обврзани и со закон. – рече Лукаревска.]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести