Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети. Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста. Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи. Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време. Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем. Фејсбук статус на Александар Кирацовски


