Живковиќ: Со ребалансот на Буџетот поттикнуваме раст на платите, унапредување на социјалната заштита и зголемување на социјалната сигурност

1.170 вработени во Центрите за социјални работи добија зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен, покачување за 3.138 негователи и воспитувачи во градинките – плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно односно добија покачување за 16%, а предвидено е дополнително зголемување од 5% со септмвриската плата која ќе се исплати во октомври и со тоа вкупниот пораст на плати ќе биде 21% Минималната плата достигна 12.507 денари. Уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори, вклучително и кај одделите производство на текстил, облека и кожа, каде минималната плата беше околу 8. 000 денари. Со нови законски измени обесштетени се околу 11.000 стечајци, кои долго време беа оставени без никаков надоместок, а планирано е обезбедување на надоместок за дополнителни 1.000 стечајци со нови законски измени во периодот што следи. Ова се само дел од мерките и политики што имаат за цел да го забрзаат економскиот раст, да го унапредат системот на социјалната заштита и да ја зголемат социјалната сигурност на граѓаните. Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките и политиките во интерес на економијата и граѓаните. Градиме фер и правдено општество кое создава шанса за сите. – порача Живковиќ.]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести