Оваа година, нашите политики ги заокружуваме со спроведување и на проектот за зелена нафта. 2170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнаа и добија своите зелени картички и средства за 30% поевтина нафта за земјоделската механизација. Веќе оваа година заокружуваме уште еден значаен проект за овој регион. Тоа е проектот којшто се прави и со поддршка на Светска Банка за изградба на откупно дистрибутивни центри низ нашата земја. Токму Ресен и Преспа, овој убав крај се една од избраните локации за коишто веќе се направени и студиите и е подготвена документацијата и во следниот период ќе се гради еден модерен и современ откупно дистрибутивен центар. Оваа година имаме уште многу нови мерки коишто го тангираат овој регион. Управата за хидрометеоролошки работи веќе ја подготвува и тендерската документација за проектот којшто за прв пат оваа година ќе го работиме за авионското засејување и заштита на овошните насади и од можните штети коишто ги имавме претходните години. Како политичка партија, како Влада, во целиов овој период носевме политики коишто се во интерес на фармерите, во интерес на земјоделците и во интерес на развојот на токму оваа значајна гранка во нашето земјоделство. ]]>


